Македонскиот репрезентативец Миовски има понуда да игра во Шкотска

1 min read

Членот на нашата А репрезентација, Бојан Миовски (22) во јуни ги постигна првите голови во сениорскиот дрес, беше двоен стрелец во победата над Гибралтар во Лигата на нации.

Македонскиот напаѓач, иако има важечки договор до 30 јуни 2023 година, се шпекулира дека наскоро би можел наскоро да се раздели со МТК кој испадна од најдобрата унгарска лига.

Сезонава во тамошниот шампионат запиша осум голови во вкупно 30 настапи. Пред да се пресели во Унгарија ги бранеше боите на Ренова, Македонија ЃП, Работнички и Брегалница Штип.

Британските медиуми објавуваат дека Миовски е на „радарот“ на Абердин кој годинава успеа да обезбеди опстанок во шкотската фудбалска елита.

Но, исто така има понуда да остане во Унгарија, поточно интерес покажува Фехервар кој ја освои четвртата позиција во првенството и ќе игра во квалификациите на Лигата на конференции.

Германскиот тренер Михаел Борис кој го води Фехервар, претходно соработуваше со Миовски во МТК.

Македонија падна за две позиции на ФИФА ранг листата

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се апсеше во Градски парк, на Бит пазар, во Центар – МВР во акција против дилери

Следно

ВИДЕО | Ким Кардашијан се огласи по обвинувањата дека го оштетила култниот фустан на Мерлин Монро

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian