Идејата не беше да ја срушиме Владата, вели Трајанов околу ставот за францускиот предлог

1 min read

„На 19 јуни кога Ковачевски ги собра лидерите на владините партнери на која средба се очекуваше да се разговара за францускиот предлог, таму беше кажано дека сѐ уште не е добиено таков предлог. Мислам дека се работи за подготвено сценарио, државниот врв да не објавува тоа што се усогласило со Бугарија и затоа ние излеговме со став дека предлогот е неприфатлив и дека ги загрозува нашите интереси“, изјави вечерва лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов, во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5.

Тој посочува дека неговата партија практично го отфрлила предлогот, појаснувајќи дека за него треблао да се иницира расправа во Собранието.

„Мислам дека ние сме дел од тие партии кои не го поддржаа предлогот, ако нешто направивме е тоа дека спречивме да бидат загрозени нашите стратешки интереси, апсолутно не држи тоа дека идејата беше да ја срушиме владата“, рече Трајанов, додавајќи дека сите барања на Бугарија на суптилен начин биле вметнати во предлогот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Откриен е првиот официјален заеднички портрет на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Следно

Ѓукановиќ: Ќе ја поддржиме европската политичка заедница ако тоа доведе до забрзување на евроинтеграцијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian