Дејвис Куп: По поразот од Луксембург, тенисерите триумфираа над Црна Гора

1 min read

Тениската репрезентација на Македонија во Улцињ, Црна Гора, ги игра мечевите од Дејвис купот во Европската трета група, светско екипно првенство во машка конкуренција.

Противници на Македонија се Ерменија, Кипар, Грузија, Лихтенштајн, Луксембург, Молдавија и Црна Гора. Само три земји ќе играат во плеј-офот за влез во Втората европска група, додека две земји испаѓаат во четврта група. Горазд Србљак, Калин Ивановски, Обрад Марковски, Стефан Мицов и Берк Бугариќ ги бранат боите на нашата најдобра селекција.

По поразот од Луксембург (1:2), денеска Македонија во Дејвис Куп Групата „3“ триумфираше со 2:1 над домаќинот Црна Гора.

Во сингл конкуренцијата Ивановски победи со 6:4 и 6:3 против Петар Јовановиќ, додека во вториот сингл меч Бугариќ загуби од Цунгу Резарт со 6:4 и 6:0.

Ивановски и Србљак слабеа во двојки против Јовановиќ и Резарт со 7:5 и 6:3 за конечни 2:1. В петок следат мечевите против репрезентацијата на Молдавија која исто така има учинок од една победа и еден пораз.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Дојче веле“: Срамот на ЕУ наречен Оливер Вархеји

Следно

Разговор со психологот Иван Христов: Како да разговарате со вашето дете за секс и љубовни врски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian