Борисов до Петков: Стави го францускиот предлог уште денеска на пленарна седница да го изгласаме

3 mins read

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, побара владејачката партија да го стави францускиот предлог за Македонија на пленaрна седница во Народното собрание и да се „прескокне“ разгледувањето на преледогот од страна а Комисијата за надворешна политика. Поранешниот премиер во видеообраќање заедно со своите сопартијци побра на дневен ред на плеарната седница да бидат две точки , Македонија и Албанија и донесување на буџетот.

– Вчера решивме да дадеме зелено светло на темата Северна Македонија. Очекувавме ова денеска да влезе во пленарната сала без игри и финти, а не да си играме со одолговлекувања. Престанете да кажувате квалификации. Храбар сте, кул сте, ставете го предлогот во сала. Ќе го освоите аплаузот од целиот Европски совет – рече Борисов.

Тој повтори дека тоа ќе доведе до посилен Западен Балкан.

Лидерот на ГЕРБ призна дека во документите има работи што треба да се разјаснат, но идните генерации ќе знаат дека Бугарија не е причината за суспензијата на РС Македонија и Албанија во ЕУ.

– Денеска е историски ден за Европа и светот, бидејќи има можност Украина, Молдавија, РС Македонија, Албанија и Грузија со различни статуси да влезат во Унијата и да ја направат посилна – порача Борисов.

Тој се лути поради објаснувањата од премиерот во оставка Кирил Петков дека денеска не може да се започне процесот.

– Нека бидеме ние кукавиците, тој нека биде храбар, нека влезат во парламентот и нека го дадат предлогот на гласање – повтори Борисов.

Претходно утрово Петков од Брисел каде се одржува Советот на ЕУ порача дека му се францускиот предлог и дека може да има таков друг предлог, но за него мора да одлучи парламентот, бидејќи тој дал таков збор на бугарскиот народ. Петков изрази надеж дека во наредните денови Народното собрание ќе донесе одлука за ова прашање. Тој упати критика кон претседателот Румен Радев дека не го свикува Советот за безбедност за државниот врв да изгради позиција и рече дека паднале маските, а тој се изморил од кукавици.

Претседателот Радев, пак, деновиве исто така го поддржа францускиот предлог како прифатлив за Бугарија, но рече дека за неговото профаќање прво треба да одлучи Владата, а потоа таа одлука да ја потврди Собранието и делка таков бил редот, а Петков го сменил и постапката ја води обратно.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пјер Жалица открива сè за липосукциската исхрана: Ослабев 60 килограми и животот сосема ми се промени!

Следно

УНЕСКО: Повеќе од 150 објекти од културата во Украина делумно или целосно уништени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian