Американска пливачка изгубила свест и почнала да тоне, спречена голема трагедија

1 min read

Драма на Светското првенство во пливање во Будимпешта, американската пливачка Анита Алварез се онесвести за време на настапот и потона на дното на базенот.

Експресната реакција на нејзиниот тренер Андреа Фуентес во унгарскиот главен град спречи трагичен исход.

Натпреварот во синхронизирано пливање бил во тек, а во настапот на Алварез нешто тргнало наопаку, таа изгубила свест и почнала да тоне.

Тренерот Фуентес, откако сфати што се случува, веднаш скокна во базенот и ја извлече Анита на површина.

– Сите бевме исплашени. Морав да скокнам во базенот затоа што спасувачите не реагираа. Кога видов дека не дише, навистина се исплашив. Добрата вест е дека сега сè е во ред и Анита се чувствува добро – рече Фуентес, а пренесува „Дејли Мејл“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

50 „легнати полицајци“ се поставуваат во Бутел

Следно

Што прави денеска: Виктор Филиповски, џез музичар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian