50 „легнати полицајци“ се поставуваат во Бутел

1 min read

Во општина Бутел од вчера започна поставувањето на сообраќајната опрема за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

– На барање на жителите кои сами ни ги посочија локациите се поставуваат препреки за намалување на брзината на возилата или таканаречени легнати полицајци на повеќе фреквентни локации и улици низ сите населени места, информираше градоначалникот Дарко Костовски. 

„Легнати полицајци“ ќе се поставуваат во Љубанци, Љуботен, Радишани, Расадник, Љуботенски Пат, Св Климент, Живко Брајковски, Скопје Север,Бутел 2, Визбегово и Кучевачка Бара.

– Поставувањето на нови таканаречени легнати полицајци е со цел да се овозможи поголема безбедност не само за пешаците туку и за возачите. Со ова ја зголемуваме безбедноста на сите учесници во сообраќајот, што беше предизборно ветување, рече Костовски. 

 Општина Бутел за овој проект од својот Буџет издвои околу три милиони денари.

 

skopjeinfo.mk

Претходно

Вархеји: Сега е моментот за одговорни одлуки, Западниот Балкан треба да биде дел од нашата ЕУ

Следно

Американска пливачка изгубила свест и почнала да тоне, спречена голема трагедија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian