ВИДЕО: Авион со 126 луѓе се запали по слетувањето во Мајами

1 min read

Авион со 126 луѓе се запалил по слетувањето на аеродромот во Мајами, јави „Скај њуз“. На авионот на „Ред ер“ му откажал предниот трап при слетувањето. Патниците полетале од Санто Доминго, Доминиканската Република.

Авионот се излизгал по пистата, пробил комуникациска кула и застанал на тревата.

– Мислев дека ќе умрам! Имаше старец до мене и го прегрнав. Беше ужасно!, изјави еден преживеан патник по смирувањето на состојбата.

Патниците се евакуирани, а три лица завршиле в болница и се со полесни повреди.

kurir.mk

Претходно

БГНЕС го објави билатералниот протокол, Османи вели дека тоа се само нацрт-заклучоци за идна средба

Следно

Голем успех за средношколци од Град Скопје на националниот натпревар за Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian