„Слободен печат“: Францускиот предлог станува европски ултиматум?

3 mins read

Пeчaтеното издание на „Слободен печат“ донесува:

 

Хроника

Ковачевски, Вучиќ и Рама сепак денеска ќе бидат во Брисел: Францускиот предлог станува европски ултиматум?

Лидерите на Западен Балкан деновиве најавија дека е можно да не одат во Брисел „на уште едно фотографирање“, затоа што реално – земјите не напредувале во евроинтеграциите. Но вчера, по последните консултации, одлучија дека ќе одат за да порачаат – иднината на регионот е во ЕУ.

 

Ќе падне ли Владата поради францускиот предлог? Малите владини партнери се против предлогот од Париз, ВМРО-ДПМНЕ повика на избори

– Предложеното решение на Макрон, барем додека СДСМ и ДУИ молчат за неговата содржина, ја подели владината коалиција. Речиси сите помали владини партнери се изјаснија дека се против предлогот и дека тој не смее да добие виза од Владата и од Собранието.

 

Економија

Јавниот сектор штрајкува, Синдикатот порачува: Работниците да добијат поголеми плати или ќе бараме оставки

– Пред Собранието се поставени 120 празни столчиња со симболична порака дека пратениците лесно може од удобните фотелји да стигнат до тврдите столови, надвор од Собранието.

 

Свет

Срамнети со земја планински села на границата со Пакистан: Земјотрес уби повеќе од илјада луѓе во Авганистан

– Земјотресот со магнитуда од 6,1 Рихтерови степени ја погодил провинцијата Пактика во 1.24 часот според локално време, кога луѓето спиеле и не биле во ситуација брзо да избегаат од домовите

 

Скопје

Општина Карпош ќе покрива 50 отсто од трошоците: Младите карпошани ќе добиваат субвенции за полагање возачки испит

– Ќе се субвенционираат млади што во 2022 година ќе навршат 18 години и ќе се субвенционираат само оние лица што ќе извршат уплата и ќе посетат обука за теоретски и практичен дел за полагање за возачка категорија Б во автошколи што се избрани преку јавен повик. Општина Карпош избра шест автошколи, кои кандидатите можат да ги земат предвид.

 

Спорт

Лоша вест за македонскиот ракометен првак – ЕХФ: Нема Лига на шампиони за Вардар идната сезона

– Европската ракометна федерација вчера потврди дека нашиот најтрофеен клуб, поради проблемот со неплаќањата на договорените играчи што се провлекува подолго време, идната сезона нема да е дел од елитното натпреварување

 

Мозаик

 Ексклузивен разговор со Горан Бреговиќ:  Секогаш е возбудливо да се свири во Македонија

– Горан Бреговиќ во ексклузивно видеоинтервју за „Слободен печат“ ги споделува спомените од Македонија и ја поканува публиката на незаборавен концерт на 25 јуни во Гевгелија.

 

Утре читајте ги нашите редовни колумнисти во рубриката Трибина – Мирослацв Грчев, Марин Гавриловски, Бошко Јакшиќ…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сандра Булок се повлекува од големото платно: Целосно сум исцрпена

Следно

Млад скопјанец физички нападнат поради недоразбирање во сообраќајот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian