Сандра Булок се повлекува од големото платно: Целосно сум исцрпена

1 min read

Сандра Булок го објави своето повлекување од актерството во големото интервју што го даде за „The Hollywood Reporter“. Иако уште во март оваа година изјави дека планира да се одмори од актерството бидејќи сака да се фокусира на семејниот живот, таа во едно интервју изјави дека е целосно исцрпена.

„Целосно сум исцрпена. Толку сум уморна што не можам да носам здрави, паметни одлуки и свесна сум за тоа”, изјавила актерката.

Булок истакна дека ужива во идејата да креира свој распоред и дека сака тоа да го прави исклучиво за себе.

Сандра Булок/Профимедиа
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

„Секогаш работев, па имав среќа. И сфатив дека работата ми стана пречка. Тоа беше како постојано да го отворам фрижидерот и да барам нешто што никогаш не е во него. Си реков „Престани да бараш затоа што не треба да докажуваш повеќе. Треба да бидеш добра и без работата што ти треба како потврда за успехот“, додаде таа.

На прашањето кога ќе се врати на актерството, актерката одговори дека не знае.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсенал и Барселона мора да потрошат вистинско богатство за да го донесат Рафиња

Следно

„Слободен печат“: Францускиот предлог станува европски ултиматум?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian