Расте бројот на новозаразени со ковид-19 во Албанија

1 min read

Во Албанија расте бројот на новозаразени со ковид-19, што го потврдуваат податоците последните денови, јави дописничката на МИА од Тирана.

Според Министерството за здравство и социјална заштита, во последното деноноќие потврдени се 277 нови случаи, што е 28,9 отсто од направените 957 тестови.

Во исто време, не е регистриран починат како последица од овој вирус, закрепнале 61 болен, а болнички се третираат осум пациенти.

„Поаѓајќи од секојдневниот раст на новозаразени, го повторуваме апелот граѓаните да се вакцинираат, да се повнимателни, посебно во периодот кој следува кога се зголемуваат контактите поради движењето во летната сезона“, апелира Министерството.

Потсетува дека секое лице над 12-годишна возраст може да се имунизира во сите здравствени установи.

Официјалната статистика потврдува дека до сега во земјата се направени 1 840 232 тестови, позитивен резултат е добиен кај 277 940 лица, закрепнале 273 398, активни се 1045, а починале 3497 лица.

Дел од познати епидемиолози и инфектолози и поранешни министри не веруваат во оваа статистика наведувајќи дека бројот на заразени е околу 500 илјади, а починати се околу 16 илјади.

Во Албанија во евиденција на починати не се вметнуваат починатите дома или оние кои боледувале и од друга болест.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шолц: ЕУ мора да даде зелено светло за Северна Македонија и Албанија

Следно

Шкупи го купи за 2.500 евра, а сега одби понуда тешка 1.5 милион евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian