Навивачите на Интер го бојкотираат Лукаку

1 min read

Навивачката група на Интер, „Курва Норд“ нема да го поддржува Ромелу Лукаку кој по една сезона помината во Челси се врати на „Џузепе Меаца“ на едногодишна позајмица.

Лукаку со одлуката да ја прифати понудата на Челси ги разочара најважните навивачи на Интер и тие немаат намера да му го простат „предавството“.

– Не е важно кој бега од дождот, важно е кој останува додека е „олуја“. Го поддржувавме и го третиравме како крал, а сега е како и останатите. Никогаш нема да го поддржиме Лукаку доколку повторно го облече дресот на Интер, а на теренот мора понизно и со пот да ја заслужи нашата доверба – порачаа од „Курва Норд“.

Лукаку се договори за едногодишна позајмица во Интер вредна 8 милиони евра плус бонуси.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Млад скопјанец физички нападнат поради недоразбирање во сообраќајот

Следно

Што ќе му донесе сезоната на Рак на секој хороскопски знак?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian