Мартин Шин искрено: Жал ми е што го сменив името поради кариерата

1 min read

Во интервју за „Closer Weeekly“, актерот Мартин Шин откри дека неговото легално име сè уште е Рамон Естевез и дека жали што го променил поради неговата кариера.

„Тоа е нешто за што жалам. Никогаш официјално не го сменив моето име. Рамон Естевез сè уште е во мојот извод од матичната книга на родените“, истакна тој, додавајќи дека неговото официјално име стои и на неговите официјални документи како пасош, извод на венчани и возачка дозвола.

 

„Понекогаш ве убедуваат да направите нешто кога немате доволно увид, па дури и доволно храброст да застанете зад она во што верувате, а подоцна плаќате за тоа. Но, секако, зборувам само во свое име“, изјави 81-годишниот актер.

Неговите два сина, актерите Чарли Шин и Емилио Естевез очигледно со различни ставови во врска со презимето, па затоа и двајцата имаат различни.

Мартин признава дека во тоа време не бил ни свесен дека неговите синови се заинтересирани за глума бидејќи бил премногу зафатен со сопствената кариера и со издржување на семејството.

„Единственото влијание што го имав врз Емилио беше да го задржи неговото презиме. Кога почнуваше, неговиот агент го советуваше да го смени презимето во Шин, а тој одби да го стори тоа. И фала богу што не го направи“, призна тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шкупи го купи за 2.500 евра, а сега одби понуда тешка 1.5 милион евра

Следно

Едвард Џозеф: Бајден може да го запре бугарското малтретирање на С. Македонија, смислено во Москва

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian