Инфантино му се заканува на Катар со одземање на организацијата на СП

1 min read

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино му се закани на Катар дека ќе остане без организација на Мундијалот доколку не им укаже гостопримство кон сите навивачи.

Инфантино пред се мисли на ЛГБТ заедницата чии членови се плашат за својата безбедност на  Светското првенство бидејќи хомосексуалноста во Катар е забранета со закон.

– Ако Катар не сака да покаже гостопримство кон сите, тој нема да биде организатор на Светското првенство. Светското првенство е настан кој ги зближува сите луѓе – рече Инфантино за време на бизнис форумот што се одржува токму во главниот град на Катар, Доха.

Првиот човек на ФИФА зборуваше и за расизмот како негативна појава која сè уште е присутна во фудбалот.

– Во последните неколку големи натпреварувања, повеќе од 50 проценти од играчите беа навредувани, што е голема бројка. Сега е многу полошо. Социјалните мрежи денес се користат за расно мотивирани навреди и дискриминација. Ќе продолжиме да бараме такви и да блокираме секој што ги навредува играчите на социјалните мрежи – истакна Инфантино.

Светското првенство во Катар ќе се игра од 21 ноември до 18 декември.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Едвард Џозеф: Бајден може да го запре бугарското малтретирање на С. Македонија, смислено во Москва

Следно

ВИДЕО | Тишина додека мјаукам: Мачка покажа кој е главен во „друштвото“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian