ФОТО | Бразилка се „венчала“ со кукла, сега станале родители

1 min read

Бразилката Меиривоне Роша Мораеш реши да се „омажи“ за кукла на маж по име Марсело, а по венчавката станаа „родители“.

Меиривоне претходно ѝ се пожалила на мајка си дека се чувствува осамено бидејќи нема партнер. Поради оваа причина, нејзината мајка решила да ѝ го даде Марсело.

„Се заљубив во него на прв поглед. Конечно добив човек со кој би можел да одам на часови по танц. Мојот живот доби смисла “, рече Меиривоне во интервју за списанието „Need To Know“.

На свадбата наводно присуствувале 250 гости, а парот потоа заминал на меден месец во Рио де Жанеиро.

„Тоа беше многу посебен ден. Бевме преплавени со емоции“, додаде таа.

Нивниот „син“ Марселињо „се роди“ на 21 мај. Меиривоне рече дека породувањето не било болно.

„Контракциите беа благи. Го родив за 35 минути. Ме навредува кога луѓето ми велат дека лажам. Моите родители ме научија да бидам искрена и секогаш да се водам од вистината”, рекла таа.

Очекувано, оваа вест стана хит на социјалните мрежи, а многумина сметаат дека на оваа жена ѝ е потребна помош.

„Итно ѝ треба психијатар“, напиша еден корисник на „Твитер“. „Се надевам дека ова е само добра шега“, додаде друг.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Спортското новинарство – опомена пред исклучување: Најмалата плата на спортски новинар е 2,5 пати помала од просечната плата во Македонија

Следно

Шолц: ЕУ мора да даде зелено светло за Северна Македонија и Албанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian