Ед Ширан не е плагијатор: Пејачот го доби случајот на суд, ќе стане побогат за скоро 1 милион фунти

1 min read

Британскиот поп музичар Ед Ширан во вторникот доби повеќе од милион евра отштета по победата во правната битка против авторите кои го обвинија за плагијат.

Случајот во високиот суд во Лондон 31-годишниот музичар го добил на почетокот на април, по процесот што тој го нарече индикатор за лоши практики што ја поткопуваат музичката индустрија.

Судот пресуди дека Ширан ниту „намерно“ ниту „несвесно“ не ја ископирал мелодијата на песната „Oh Why“ од 2015 година во неговиот хит „Shape of You“, еден од најпродаваните во светот.

Во дополнителната пресуда, донесена во вторникот, судијата Ентони Закароли пресуди дека тужителите мора да ги платат судските трошоци од 916.000 фунти.

За време на судењето, Ед Ширан ги отфрли обвинувањата дека ја „позајмил“ мелодијата од непознати композитори, а нивниот адвокат, признавајќи ја „генијалноста“ на британскиот пејач, го нарече „страчка“, мислејќи на птица која често се нарекува крадливка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Падна владата на Кирил Петков

Следно

Бугарската опозиција предлага Собранието да ја одобри нацрт-преговарачката рамка за С. Македонија и Албанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian