Бугарската опозиција предлага Собранието да ја одобри нацрт-преговарачката рамка за С. Македонија и Албанија

2 mins read

Бугарската политичка партија ДПС до Националното собрание достави предлог за одобрување на нацрт-преговарачката рамка за членство на Република Северна Македонија и Албанија во ЕУ, предложена од француското претседателство. Ова го соопшти лидерот на движењето Мустафа Карадај, по изгласувањето недоверба на кабинетот на Кирил Петков.

– Зошто го направивме тоа – една година овие министри, чија оставка ја прифативме пред малку, и половина година овој кабинет, за чие гласање за недоверба, не направија ништо во оваа насока. Можеме да кажеме дека тие се обидуваа да му попречат на тој процес со тоа што едно зборуваа во Брисел, а друго во Бугарија, тоа е како лага, рече Карадај.

Во декларација од собраниската говорница, претседавачот на пратеничка група на ГЕРБ, Десислава Атанасова, соопшти дека и коалицијата ГЕРБ-СДС е подготвена со предлог-проект за одобрување на преговарачката рамка со Република Северна Македонија, што ќе биде гаранција дека Бугарија и бугарските национални интереси ќе бидат заштитени.

Таа ги повика сите партии да ја поддржат иницијативата. Партијата бара и од премиерот во оставка Кирил Петков и неговата влада веднаш да го одобрат билатералниот протокол.

Атанасова потсети дека лидерот на ГЕРБ и пратеничката група јасно го кажале својот став за францускиот предлог за Северна Македонија.

– Ова е најдобриот предлог добиен досега. Потребни се неколку корекции за да соодветствува, сметаат од ГЕРБ.

Групата нагласува дека Кирил Петков никогаш не успеал да подготви бугарски предлог за случајот и се криел и водел двојна надворешна политика.

Претходно бугарските парламентарци ѝ изгласаа недоверба на владата на актуелниот премиер Кирил Петков. Вкупно 123 пратеници од ГЕРБ-СДС, ИТН, ДПС и Преродба за првпат гласаа „за” смена на кабинетот – 116 од „Продолжуваме со промената”, беа „против” како и БСП и Демократска Бугарија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ед Ширан не е плагијатор: Пејачот го доби случајот на суд, ќе стане побогат за скоро 1 милион фунти

Следно

Премиерот, министрите и пратениците се приклучија на митингот за поддршка на владата на Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian