Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ најави дека најдобриот играч на германскиот тим, Роберт Левандовски, тешко дека летово ќе го оствари сонот и ќе заигра за Барселона.
– Нашата позиција е јасна, Левандовски има договор со 2023 година. Дури воопшто не размислувам за парите што ни ги нудат од Барселона и очекувам Роберт да се појави во нашиот тренинг центар на прозивката која е закажана за 12 јули – изјави Салихамиџиќ.
Барселона на почетокот од месецот понуди 32 милиони евра за Левандовски, но Баерн еспресно ја одби понудата.