Албанија ќе испрати свои трупи во Бугарија во источното крило на НАТО

1 min read

И Албанија ќе испрати свои трупи во Бугарија, во источното крило на НАТО, што се засилува поради руската агресија, изјави министерот за одбрана Нико Пелеши по денешната седница на владата.

„Денеска ние сме активни, не само Албанија, туку и во меѓународни мисии и операции. Набрзо ќе бидеме и во Бугарија, во источното крило што се засилува поради руската агресија. Следната недела ќе се одржи самит на лидерите на НАТО, каде ќе се донесе важна одлука, пред сѐ, во новиот стратешки концепт на НАТО“, рече Пелеши.

Според него владата донесла одлука за зголемување на платата на припадниците на албанската армија за 30 отсто.

„Не се наоѓаме во најдобри моменти за да се зголемуваат трошоците, но, ветувањето е ветување а ние како влада секогаш го одржуваме ветувањето“, додаде тој.

Со зголемување на платата тој очекува да се зголеми интересот кај младите да станат дел од вооружените сили. Најниската плата во армијата моментно е 51 000 лека (410 евра).

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Опожарена „тојота“ на паркинг во Аеродром

Следно

Арсенал и Барселона мора да потрошат вистинско богатство за да го донесат Рафиња

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian