Лидерот на ДУИ, Ахмети оствари средба со швајцарската амбасадорка , Вероника Хулман

1 min read

На средбата Ахмети и Хулман разговараа за политичките случувања во земјата, блокадата на Собранието, дијалогот со Софија, економскиот развој и билатералната соработка меѓу двете земји.

Претседателот Ахмети ја информираше амбасадорката Хулман за реформите и освежувањaта што се прават во ДУИ со изборите во ограноците, при што за првпат се применува принципот еден член – еден глас како демократски процес.

На средбата се разговараше и за потребата од отворен дијалог помеѓу сите политички субјекти кога се во прашање развојот на државата и потребите на граѓаните, а во таа насока беше истакнато големото значење на функционирањето на Собранието без блокади, бесмислени опструкции и бариери за развој.

Ахмети и швајцарската амбасадорка разговараа и за обидите за решавање на спорот со Бугарија и добивањето датум за преговори, како и за одржување на првата меѓувладина конференција, при што г. Ахмети нагласи дека деновиве се прават максимални и интензивни напори за приближување на ставовите со Софија.

Билатералната соработка меѓу двете земји е на вистинско ниво и треба дополнително да се продлабочи, додека Ахмети на средбата го пофали придонесот на Швајцарија во реализацијата на проектите кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и демократизацијата на процесите во земјата.

Претходно

​Во Кисела Вода се чисти коритото на Мала Рада

Следно

Интервју: Селекторот Милевски незадоволен од бодовите, задоволен од залагањето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian