Зголемен бројот на нови ковид-случаи во Грција

1 min read

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани над 10.000 случаи на ковид-19, од кои 9.288 се новозаразени, а 1.274 се веројатни реинфекции, што претставува зголемен број во последните седмици.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во последното деноноќие починале 15 лица, а 103 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.517.898 случаи на Ковид-19, се проценува дека има 144.221 реинфекции што е 3.9 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а починаа вкупно 30.049 лица.

Пракса на Националната организација за јавно здравје на Грција е во секојдневните соопштенија за ситуацијата со Ковид-19, посебно да ги објавува бројките поврзани со нови случаи и посебно бројките со повторни заразувања.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Герасимовски: Ќе реконструираме вкупно 14 улици уште во првата година

Следно

Убава вест: Надал ќе стане татко

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian