Вучиќ: Меѓусебно признавање на Србија и Косово е желба на ЕП, но не и наша

1 min read

Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод извештајот на Европскиот парламент за Србија, во кој за првпат експлицитно се наведува очекувањето за „взаемно признавање” на Србија и Косово, изјави дека тоа е „нивна желба” и дека „Србија може да има свое мислење”, пишуваат српските медиуми.

Коментирајќи ја пораката на Европскиот парламент дека Србија мора да го признае Косово, Вучиќ рече дека тоа е „чудна политика“.

„Во сите документи се спомнува и пишува за сеопфатна нормализација на односите, а не меѓународно признавање. „Взаемното признавање е нивна желба, ние не го сакаме тоа. И како што кажав, секој има своја работа, тие своја, ние своја. Тие се многу важни, ние не сме, но како што гледате можеме да имаме свое мислење и, ете, ни се може“, иронично рече Вучиќ.

Според него, Владата и Собранието на Србија ќе се изјаснат за извештајот на Европскиот парламент.

Собранието на Србија наскоро ќе се изјасни за извештајот на Европскиот парламент за Србија, од каде, како што вели, ќе се каже истото што тој го кажал сега, додава Вучиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дали фонтаните во Аеродром служат за капење и отпад?

Следно

Секој што ќе каже дека Роналдо е подобар од Меси, нема врска од фудбалот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian