Туристичката атракција „Тумба Маџари” означена со табли, мапи и патокази

1 min read

Агенција за промоција и поддршка на туризмот соопшти дека во рамки на проектот „Одбележување на археолошкиот локалитет Тумба Маџари“, поставени се осум патокази на потребните локации, од кои два големи на влезот на Скопје кон населбата Ченто и шест мали патокази на потегот од влезот во населбите Ченто и Маџари до самиот локалитет во истата населба.

Овој проект се реализира согласно програмата за работа на Агенцијата за оваа година

– Одлично место за еднодневни организирани посети од страна на ученици, студенти и фамилјарни прошетки, е неолитското село Тумба Маџари, кое претставува музеј на отворено со научен и туристички потенцијал. Пред самата населба поставена е и табла со димензии 140/100 см на два столба подигнати на висина од предвиденото. Зачувување, обновување и промоција на туристичките знаменитоси значи и бенефит за локалците и за локалната економија, соопштија од Агенцијата.

Тумба е археолошко наоѓалиште во скопската населба Маџари. Претставува населба од неолитското време, односно од 6-тиот милениум пред нашата ера. Од археолошките откритија најзначајна е фигурата на Големата мајка Божица – заштитничката на плодноста.

skopjeinfo.mk

Претходно

Столтенберг: Зеленски е поканет на самитот на НАТО

Следно

Генчовска: Петков му вети на Вархеји дека ќе го укине ветото за Северна Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian