Столтенберг: Зеленски е поканет на самитот на НАТО

1 min read

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е поканет да учествува на самитот на лидерите на Алијансата на крајот на месецов во Мадрид.

„Зеленски, се разбира, е добредојден да дојде лично. Ако тоа не е можно за него, тој ќе ни се обрати преку видео-конференција“, рече Столтенберг на прес-конференцијата во Брисел.

Тој нагласи дека „лидерите на НАТО се исклучително посветени да ја поддржат Украина и да ја покажат таа солидарност не само со зборови, туку и со дела“.

Зеленски веќе им се обрати на 30-те шефови на држави и влади на НАТО преку видео-врска на нивниот последен самит во март во Брисел по руската инвазија на Украина.

Столтенберг, исто така, најави дека очекува лидерите на НАТО на состанокот во Мадрид да одлучат за понатамошна поддршка за Украина за да и помогне на нејзината воена транзиција од опрема од советската ера на модерно оружје.

kurir.mk

Претходно

Од утре ќе се издаваат документи: Управата за водење матични книги го стави штрајкот во мирување

Следно

Туристичката атракција „Тумба Маџари” означена со табли, мапи и патокази

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian