Швајцарскиот воздушен простор затворен за сообраќај

1 min read

Швајцарскиот воздушен простор моментално е „затворен до дополнително известување“, поради дефект на компјутерска опрема, соопшти утринава Службата за контрола на летање „Скајгајд“.

„Во швајцарската служба за контрола на летање рано изутринава дојде до техничка неисправност поради што швајцарскиот воздушен простор е затворен за сообраќај од безбедносни причини“, се посочува во соопштението.

Од „Скајгајд“ не се објавени други детали за случајот.

Според агенцијата „AТС-Кистоун“, меѓународните летови за Швајцарија се пренасочуваат кон аеродромот во Милано, во северниот дел на Италија.

kurir.mk

Претходно

Стоматолог Илија Караманов: Први совети за родителите

Следно

Речиси 200 сообраќајни прекршоци вчера во главниот град

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian