Легендарниот холандски фудбалер Марко ван Бастен ги спореди двајцата најдобри фудбалери во последните 15-тина години Кристијано Роналдо и Лионел Меси и даде интересно објаснување за тоа кој според него е подобар фудбалер.
– Кристијано е одличен фудбалер, но секој што ќе рече дека тој е подобар од Меси, нема појма од фудбалот или има лоши намери. Што се однесува до Лионел, тој е единствен. Фудбалерите како него се појавуваат еднаш во 50 или 100 години – вели Ван Бастен.
Но, Ван Бастен смета дека Меси сепак не е најдобриот фудбалер на сите времиња.
– За мене најдобри фудбалери во историјата се Пеле, Диего Марадона и Јохан Кројф. Кога бев мал сакав да бидам како Кројф, но исто и Пеле и Марадона беа неверојатни – додава Ван Бастен.