Расадник во Бутел доби ново игралиште за фудбал

1 min read

Со фудбалскиот натпревар помеѓу учениците на ООУ Св. Климент Охридски и ООУ Ацо Шопов од Бутел официјално се пушти во употреба новото фудбалско игралиште.Целосно се реконструираше старото игралиште за фудбал. Поставена е специјална подлога за мал фудбал, ново лед осветлување, стои во Фејсбук објавата на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

Тој напиша дека со ова целосно се заврши новиот рекреативен потег во населеното место Расадник на над 3000 м2.

– Нов парк, нови пешачки патеки, ново зеленило и ново фудбалско игралиште се дел од овој рекреативен потег. Општина Бутел се менува! Ветеното го реализираме!, додава Костовски. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Макрон: Киев ќе мора да седне на преговарачка маса со Москва за да се стави крај на војната

Следно

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети оствари средба со новиот амбасадор на Република Косово, Флоријан Ќехаја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian