Претседателот на ДУИ, Али Ахмети оствари средба со новиот амбасадор на Република Косово, Флоријан Ќехаја

2 mins read

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети денес во Мала Речица оствари средба со новиот амбасадор на Република Косово во Скопје, г. Флоријан Ќехаја.

Претседателот Ахмети во оваа прилика упати честитки за именувањето на г. Ќехаја и ги пренесе неговите убедувања но и на своите сопартијци дека добрата и ефикасна соработка со Република Косово ќе продолжи да се развива со уште поголем интензитет.

Тема на разговор на средбата меѓу претседателот Ахмети и амбасадорот Ќехаја беа и добрите билатерални односи кои се засноваат на взаемна поддршка и отворен дијалог меѓу двете земји.

Дел од разговорот за време на оваа средба беа и инфраструктурните проекти, меѓу кои градежните работи на автопатот Скопје – Блаце, Коридорот 8, патот Тетово – Призрен, како и другите значајни проекти со цел поврзување не само на Северна Македонија со Косово, туку и на целиот Западен Балкан.

Ахмети и Ќехаја разговараа и за проектот „One Stop Shop“ кој наскоро треба да се реализира и преку кој ќе се отстранат граничните премини и ќе се обезбеди поголем капацитет за движење на нашите граѓани.

Воедно, претседателот Ахмети му порача на амбасадорот Ќехаја дека Северна Македонија, односно претставниците на Владата имаат и ќе продолжат да имаат афирмативен став се до членството на Република Косово во сите регионални и Европски организации и иницијативи.

Амбасадорот Ќехаја од негова страна на претседателот Ахмети му ја пренесе својата благодарност и благодарноста на Република Косово за тесната и ефикасна соработка меѓу Северна Македонија и Косово на различни сфери кои се од заеднички интерес.

Ќехаја му се заблагодари на Ахмети и на Демократската Унија за Интеграција за систематската посветеност што ја даваат на институциите на Република Косово кон евроатлантските аспирации и за подготвеноста за споделување на искуствата во овој план.

На завршетокот на оваа средба, двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете соседни земји ќе продолжи да се продлабочува, особено во унапредувањето на економската соработка, што е можно побрзото инфраструктурно поврзување и евроатлантските интеграции.

Претходно

Расадник во Бутел доби ново игралиште за фудбал

Следно

Никола Ѓоргиев: Се надевам на трета среќа со Финска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian