Од утре ќе се издаваат документи: Управата за водење матични книги го стави штрајкот во мирување

1 min read

По седум недели штрајк, вработените во Управата за водење матични книги од утре се враќаат на работа. Ваквата одлука следи откако со раководството на институцијата за издавање изводи потпишаа колективен договор за унапредување на нивните права. Сепак, посочуваат од Управата, штрајкот ставен во мирување до 20 јули, до кога очекуваат владата да им одобри зголемување на платата од 30 отсто.

Директорот на Управата, Блерим Абази во изјава за медиумите рече дека со договорот, дополнително се унапредени правата на вработените во Управата.

– Со колективниот договор се утврдуваат критериумите за годишен одмор, платените и неплатените отсуства, надоместоци на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додаток на плата, исплата на јубилејна награда итн. Синдикатот и работодавачот во договорот го утврдија правото минималната плата да биде основна плата, изјави Абази.

Тој додаде дека како директор ќе се заложи во Предлог-буџетот за 2023 да бидат предвидени повисоки плати за Управата, а за покачување на платите во оваа година пратил иницијатива до Владата да се најде решение во најбрз рок.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Нетфликс“ ја претвора Squid Game во реалност: 456 натпреварувачи ќе се борат за милионска награда

Следно

Столтенберг: Зеленски е поканет на самитот на НАТО

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian