Медведев: А кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои на мапата на светот?

1 min read

Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Димитриј Медведев изрази сомневање дека Киев во наредниот период ќе може да ги исполнува своите договорни обврски и го доведе во прашање самото постоење на украинската држава во иднина.

„А кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои на мапата на светот? Иако на Американците веќе не им е гајле, тие толку вложија во антируски проект, што сè друго за нив е ситница“, напиша тој на Телеграм.

Тој информираше дека видел објава, каде се наведува оти Украина „сака да добие течен гас (LNG) од своите странски партнери на лизинг и да плати за две години“.

Според неговите зборови, без западниот течен гас „Украина зимава едноставно ќе смрзне“.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Грковска: Сајбер безбедноста е инвестиција, а не трошок

Следно

Генчовска: Петков предложи целосна ревизија на Рамковниот став, но ние го одбивме

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian