Макрон: Киев ќе мора да седне на преговарачка маса со Москва за да се стави крај на војната

1 min read

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Киев во одреден момент ќе мора да седне на преговарачка маса со Москва за да се обиде да стави крај на војната меѓу двете земји.

„Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите претставници ќе мора да преговараат со Русија“, нагласи денеска Макрон за време на посетата на Романија и Молдавија.

Францускиот претседател вчера ја започна тридневната посета на јужното крило на НАТО во Романија, при што ќе престојува и во Молдавија, а утре најверојатно ќе замине за Киев, каде се очекуваат германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги.

Макрон се обидува да одржи дијалог со рускиот претседател Владимир Путин од почетокот на војната.

kurir.mk

Претходно

Ковачевски ден по митингот на Мицкоски, на средба со Ахмети и помалите владини партнери

Следно

Расадник во Бутел доби ново игралиште за фудбал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian