Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку се наоѓа пред враќање во Интер каде ги имаше најдобрите моменти во кариерата.
Неколку релевантни избори, како новинарот Џанлука ди Марцио објави дека е постигнат напредок во преговорите меѓу Челси и Интер и тоа откако „нераѕурите“ се согласиле да платат за позајмица, а потоа да се обврзат на задолжителен трансфер на Лукаку.
Интер нема пари да го реализира трансферот ова лето и поради тоа е подготвен да плати меѓу 10 и 15 милиони за едногодишна позајмица, за следната година да го реализират трансферот.
Челси и менаџерот Томас Тухел не сакаат да му прават проблеми на незадоволниот Лукаку кој неколку пати јавно изјави дека се кае што си замина од Интер.
За да се реализира позајмицата, Белгиецот е подготвен за значајно намалување на платата.