Ковачевски: Поддршката на информатичкиот сектор ќе продолжи

2 mins read

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски присуствуваше на свеченото доделување на дипломи на студентите за завршени дипломски и магистерски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Во присуство на министерот за образование и наука Јетон Шаќири, деканот Проф. д-р Иван Чорбев, раководството на факултетот, професори и асистенти, премиерот Ковачевски им врачи дипломи на дел од студентите кои постигнале врвни резултати и највисок просек во текот на студирањето.

На свеченоста, премиерот Ковачевски обраќајќи им се на младите луѓе, упатувајќи им честитки, истакна дека Секторот информатичка и компјутерска технологија во нашата земја во последните години бележи постојан раст во однос на бројот на компании и вработени, раст на извозот и на приходите и дека Владата е насочена кон натамошно подобрување на условите и носење конкретни мерки за работа и раст на оваа индустрија.

Тој посочи дека во изминатите 11 години, од формирањето на ФИНКИ, во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, факултетот бележи само растечки тренд и растечки интерес за упис на нови студенти.

Истакнувајќи дека ФИНКИ ја потврдува својата атрактивност со растот на бројот на запишаните, како и високиот број на дипломирани студенти и на студенти кои се стекнуваат со мастер, Ковачевски оцени дека овој факултет креира професија на сегашноста и на иднината, високо стручните дипломци и магистри со дипломата на ФИНКИ се драгоцен човечки потенцијал за нашето општество и за информатичката индустрија како дома, така и во странство, каде како амбасадори ја претставуваат нашата земја.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ребел Вилсон откри дека е во врска со жена поради притисок од медиум кој ѝ се заканувал

Следно

Се разгорува вербалниот дуел Макрон-Меланшон пред вториот круг од парламентарните избори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian