Еден ден откако присуствуваше на наградите Тони, Хју Џекмен сподели видео на Инстаграм дека по вторпат има коронавирус.
Резултатот од тестот го дознал еден ден откако се појавил во неделата (12 јуни) на 75-тото доделување на наградите Тони во Њујорк.
„Сакав прво да го слушнете ова од мене. За жал, утрово дознав дека сум позитивен на коронавирус и тоа е фрустрирачко“, порачал Хју Џекмен во видеото што го сподели на Инстаграм.
Хекмен првпат боледувал од ковид-19 минатиот декември, а на сцената се вратил во јануари.
Актерот кој во моментот го игра Харолд Хил во „Музичкиот човек“ од Мередит Вилсон на Бродвеј, напомена дека во оваа улога ќе биде заменет од Макс Клејтон. Потоа јавно го поддржа својот колега.
Славниот актер му измакна наградата „Тони“ за најдобра улога во мјузикл, која му припадна на Мајкл Фрост за улогата во „МЈ мјузикл“.
Правилата на доделувањето на наградата „Тони“ бараа тестирање на присутните на сцената. Џекмен на церемонијата ја изведе „76 тромбони“ со колешката Сатон Фостер, која, меѓу другото, ја познавате и по улогата во серијата „Помлада“.
Сопругата на Хју Џекмен се огласи за гласините дека нејзиниот сопруг е геј