Герасимовски: Ќе реконструираме вкупно 14 улици уште во првата година

1 min read

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во денешното гостување на утринската програма на Сител ТВ „Ја сакам Македонија“, најави инфраструктурна градежна офанзива во општината.

Во првите 7 месеци од годината реконструирани се 5 улици и тоа „Орце Николов“, ул. „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, ул. „Црвена вода“, ул. „ Дебарца“ и ул. „Светиниколска“ во Маџир Маало, со вкупна површина од 7600 м2.

„Може да се пофалиме дека првите седум месеци имаме 5 реконструирани улици. Ветив дека за оваа година ќе имаме 14 и не секогаш сѐ зависи од нас, вклучително и брзината на работењето. Во моментов се реконструираат неколку улици во ваша близина, но поради врнежливото време, една недела не можеше да се асфалтираат, поради што беа стопирани градежните работи. Но од денеска се продолжува и за брзо време и тие ќе бидат реконструирани“, изјави Герасимовски.

Герасимовски истакна дека во моментов општината работи на реконструкција на уште седум други улици меѓу кои ул. „Партизанска“, ул. „Ристо Шишков“, ул. „Станбена улица три“, ул. „Станбена улица два“ и пристапна улица „102 а“ ( сите три ја сочинуваат „Адвокатската улица“), ул. „Петар Поп Арсов“, ул. „Рајко Жинзифов“, а наскоро започнува и првата фаза од реконструкциите на улиците „Козара“ и „Ленинова“.

skopjeinfo.mk

Претходно

ОН истражува наводи дека украински деца се посвојуваат во Русија

Следно

Зголемен бројот на нови ковид-случаи во Грција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian