Дали фонтаните во Аеродром служат за капење и отпад?

2 mins read

Општина Аеродром упатува остри реакции во однос на девијатните појави кои изминатиот период се регистрирани на неколку различни локации во општината, а со кои се нарушува изгледот на уредените простори и се нанесува материјална штета на јавните добра.

-Имено, до нашите служби стигнаа видеа и фотографии на кои е евидентирано несовесно однесување, односно во езерцето што се наоѓа во паркот во населбата Лисиче се забележани риби, а фонтаната во паркот „Бојмија“ во населбата Острово е оштетена со боја. Редовно се уништуват и кршат и чешмичките за пиење вода, кои целосно ги саниравме изминатите денови, но тоа за жал не престанува тука. Нивното оштетување значи непотребен дополнителен трошок, но што е најважно тие не се функционални во пролетниот и летниот период, токму кога им се најпотребни на жителите, велат од локалната самоуправа на Аеродром.

Исто така, вработените во општината речиси секојдневно во топлите денови мораат да се справуваат со група граѓани кои се капат во големите фонтани низ парковите во Аеродром, што од една страна претставува лоша слика, но истовремено е и крајно опасно по нивните животи.

-Општината го осудува ваквото вандалско и крајно несовесно однесување и во идниот период ќе воведеме редовни чуварски служби кои ќе се грижат за безбедноста на општинскиот имот и јавните површини. Истовремено апелираме до граѓаните да се грижат и да го чуваат секое катче од нашиот Аеродром, затоа што само така можеме да имаме уредена, зелена и здрава средина, велат од општина Аеродром. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Се разгорува вербалниот дуел Макрон-Меланшон пред вториот круг од парламентарните избори

Следно

Вучиќ: Меѓусебно признавање на Србија и Косово е желба на ЕП, но не и наша

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian