Зеленски: Испраќајте ни оружје со голем дострел, друго имаме доволно

1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика да се испрати повеќе оружје со голем дострел за да може да им се спротивстави на руските сили.

„Имаме доволно друго оружје. Но, немаме доволно од она што навистина може да погоди далечни руски цели, што ни треба за да одговориме на руската воена опрема“, им рече Зеленски на новинарите, а пренесува Би-би-си.

Претходно овој месец, Обединетото Кралство потврди дека испраќа ракети со голем дострел во Украина за прв пат од почетокот на руската инвазија.

kurir.mk

Претходно

Протест на граѓани од Карпош-им ги срушиле куќите за да градат зграда но веќе седум години живеат под кирија

Следно

ГЕРБ со иницијатива за гласање недоверба на владата на Кирил Петков

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian