Зеленски: Битката за Северодоњецк ќе остане запаметена како една од најбруталните во историјата

1 min read

Жестоката битка за Северодоњецк ќе остане запаметена како една од „најбруталните“ борби што Европа ги видела, за кои Украина платила „застрашувачка“ цена, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува „Гардијан“.

Украинскиот претседател оваа изјава ја даде доцна синоќа, за време на неговото ноќно обраќање до нацијата, во време кога руските сили се блиску до освојување на Северодоњецк, стратешки град на истокот на земјата, пишува британскиот весник.

„Цената на таа битка во човечки животи е многу висока за нас“, нагласи украинскиот претседател.

kurir.mk

Претходно

Вселенскиот патријарх му подари на архиепископот Стефан комплет архиепископски панагии

Следно

Од денеска меморијален ракометен турнир во организација на Фондацијата „Марко Божиновски“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian