Вучиќ: Се залагам за територијалниот интегритет на Србија како Западот за интегритетот на Украина

3 mins read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека ни помалку ни повеќе се залага за територијалниот интегритет на Србија за прашањето за Косово, колку што западните претставници се залагаат за територијалниот интегритет на Украина, како и да не верува дека ЕУ ќе успее да го „скрши” отпорот на Бугарија кон Северна Македонија и Албанија, јави дописиникот на МИА од Белград.

Вучиќ одговарјќи на новинарско прашање што и останува на Србија како аргумент за продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина кога се слуша дека услов за членство во ЕУ е признавањето на Косово кажа дека на западните претставници им станале омилени зборовите- територијален интегритет, додавајќи дека и тој самиот повторува тоа што тие го кажуваат.

-Сиот жар со кој се залагаат за територијалниот интегритет на Украина и јас, дури и не со таков жар, туку со многу потивок глас, но со еднаква решителност, се залагам за територијалниот интегритет на Србија – и ништо повеќе и ништо помалку, рече Вучиќ.

Тој кажа дека од Олаф Шолц првпат слушнал дека се бара признавање на Косово, бидејќи во официјалната европска преговарачка рамка тоа го нема, туку само стои – целосна нормализација на Белград и Приштина, но никаде не се зборува за меѓусебно признавање.

-Наша работа е да се обидеме да преговараме за работи кои се нормални. Немаме проблем да преговараме за исчезнатите лица, рековме да ни покажат каде мислат дека има некој сохранет од Албанците, а ние тоа исто го бараме и за Србите, да ни дозволат да ги пребараме локациите за кои има сомнеж дека има закопано Срби. Подготвени сме да го потпишеме договорот за исчезнатите, знаеме дека мора да живееме еден до друг, рече Вучиќ.

Тој изјави дека ќе биде интересно на самитот на ЕУ – Западен Балкан на 23 јуни, бидејќи тогаш ќе се донесат важни одлуки за Украина, Молдавија, Грузија, ЗБ и дека никој за првпат не знае што ќе се случи.

Вучиќ очекува Украина да добие статус на кандидат со пофалби, но и да тоа треба да се потврди на меѓувладината конференција.

-Затоа што има многу проблеми, слични на Молдавија. Што се однесува до ЗБ, не сум сигурен дека ќе успеат да ја скршат Бугарија што се однесува до Северна Македонија и Албанија, иако ја заслужија таа одлука. Очекувам и жестоки критики на сметка на Србија и Косово и за невоведувањето на санкции против Русија, рече Вучиќ.

Тој оцени дека сето тоа не е наивно и дека е несериозно да се потценуваат резолуциите на Европскиот парламент, Европскиот совет или Европската комисија.

-Но, што друго можеме да направиме, да го признаеме Косово?, праша Вучиќ.

На прашањето дали има информации за украинскиот државјанин Андриј Наумов, поранешен висок разузнавач на Разузнавачката служба на Украина кој беше уапсен минатата недела на границата меѓу Србија и Северна Македонија, Вучиќ само рече дека има информации, но не кажа ништо повеќе за тоа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Преубави фотографии од најновиот подмладок во скопската ЗОО

Следно

Атлетичарите Ивановски, Стојоски, Трајковски, Поп Арсова со жетва медали

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian