ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со мала до умерена облачност

1 min read

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж повардарието засилен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови за локална појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, вели Славчо Попоски во временската прогноза за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во попладневните часови во делови од котлината не се исклучува можноста за краткотраен пороен дожд и грмежи, а максималната температура ќе се искачи до околу 29 степени.

Потоа утре и во четврток времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, додека повторно услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има во петок како и за време на викендот.

Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 14 јуни: Насочете ги вашите мисли во позитивна насока

Следно

Канадскиот премиер вторпат позитивен на Ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian