Во усвоениот извештај на ЕП за Србија за првпат се споменува „взаемно признавање” на Србија и Косово

2 mins read

Надворешно-политичкиот одбор на Европскиот парламент усвои најголем дел од амандманите на текстот на резолуцијата за Србија, во кои се бара поблиска усогласеност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, со посебен акцент на барањето Србија да воведе санкции за Русија, а се бара и нормализација на односите со Косово за да Србија го продолжи патот на кон ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

Во усвоениот извештај за првпат експлицитно се наведува очекувањето за „взаемно признавање” на Србија и Косово, односно дека од Белград и Приштина се очекува да потпишат правно обврзувачки договор заснован на меѓусебно признавање.

Ова е во согласност со директните и остри пораки за признавањето на Косово што ги изнесе германскиот канцелар Олаф Шолц при неговата неодамнешна посета на Белград и Приштина.

Владимир Билчик, постојан известувач за Србија во ЕП и автор на текстот, по гласањето рече дека негова желба е „по изборите во април 2022 година и руската агресија, нашите партнери во Србија да разберат колку е неопходно да се направи итен напредок на нејзиниот европски пат”, посочи Билчик, додавајќи дека извештајот ја отсликува политичката реалност во Србија со посебен фокус на важноста на тековните реформи и усогласувањето со политиката на ЕУ.

-Како известувач на ЕП, подготвен сум да работам заедно со новото раководство во Белград за да помогнам да се постигнат позитивни промени за европска Србија, изјави Билчиќ.

Српските власти, исто така, се повикани да дејствуваат против глорификацијата на осудените воени злосторници и да стават крај на секоја реторика и дејствија што го поткопуваат интегритетот на соседните земји и ја загрозуваат регионалната стабилност и помирување.

Комисијата на Европскиот парламент изразува жалење поради континуираниот притисок врз судството и јавното негирање на меѓународните пресудите за воени злосторства. Затоа го повикува новоизбраното мнозинство да ги зајакне гаранциите за независност и ефикасност на судството како приоритетно прашање.

Изгласаниот извештај ќе се разгледува на пленарната седница на ЕП во јули, по што ќе добие форма на резолуција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсовска: Градот Скопје е прва единица на локалната самоуправа со проект за рециклирање и реупотреба на градежен отпад

Следно

Рецепт на Давор Панчевски за сочен полнет компир: Поинакво гастрономско уживање

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian