Во Скопје вчера се возело и без возачка дозвола – вкупно 157 санкции во сообраќајот

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се и 13 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, осум мерки за поминување на затворен сигнал (црвено светло), четири за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за користење на мобилен телефон…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачаа од МВР. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Столтенберг: Грција и Турција да ги решат разликите во духот на довербата и сојузничка солидарност

Следно

Столтенберг: Грција и Турција да ги решат разликите во духот на довербата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian