ВИДЕО | Прво интервју на огорчената Амбер Херд по судењето: Не ја обвинувам поротата, Џони е одличен актер

4 mins read

Амбер Херд ќе го даде своето прво интервју по драматичното судење на поранешниот сопруг Џони Деп.

Откако неодамна заврши „судењето на деценијата“, Амбер Херд го даде своето прво интервју и проговори за судењето. Амбер на новинарката на „Ен-би-си њуз“, Савана Гатри ѝ рече дека не ја обвинува поротата за пресудата.

„Не ги обвинувам. Јас всушност ги разбирам. Тој е омилен и луѓето мислат дека го познаваат. Тој е фантастичен актер“, рече таа.

Таа јасно ѝ порача на јавноста што мисли за сè што се пишува и зборува за неа со недели.

„Не ми е грижа што мисли некој за мене или какви пресуди се донесени за она што се случи во приватноста на мојот дом, во мојот брак, зад затворените врати. Мислам дека просечниот човек не треба да ги знае овие работи и затоа не го сфаќам тоа лично. Но, дури и некој кој е сигурен дека ја заслужувам сета оваа омраза и гнев, дури и ако мислите дека лажам, сепак не можете да ме погледнете во очи и да ми кажете дека мислите дека на социјалните мрежи сè беше поштено прикажано. Не можете да ми кажете дека мислите дека тоа беше фер“, рекла Амбер во ексклузивното интервју кое денеска ќе се емитува на американската телевизија.

 

На социјалните мрежи, особено на ТикТок, луѓето најмногу го поддржуваа Деп во текот на судењето за клевета.

До 3 јуни, хаштагот #justiceforjohnnydepp (правда за Џони Деп) имаше речиси 20 милијарди прегледи на ТикТок, додека #justiceforamberheard (правда за Амбер Херд) имаше над 80 милиони.

Хаштаговите како #amberheardisguilty (виновна е Амбер Херд) во тоа време имаа 900 милиони прегледи на социјалните мрежи. Поротата доби упати да се држат настрана од социјалните мрежи, а правниот тим на Херд инсистираше дека тие и понатаму влијаат на случајот.

Меѓутоа, Амбер беше фатена во недоследности и лаги во нејзиното сведочење и во презентирањето на доказите во текот на судењето, откако таа го наклевети Џони Деп дека физички и сексуално ја злоставувал.

Амбер Херд беше обвинета за клевета откако ја тужеше поранешниот сопруг Џони Деп. Веднаш по пресудата, поранешната двојка го стави на продажба луксузниот пентхаус во Лас Вегас во кој живееја заедно.

По пресудата Деп одлучи да продолжи со животот, а се шпекулира дека на Амбер би можел дури и да ѝ ја прости милионската отштета којашто, според пресудата, треба да му биде исплатена.

„На Деп никогаш не му беше до парите. Се работеше за враќање на неговата репутација и тој тоа го направи“, изјави неговиот адвокат Бенџамин Чу.

Се продава станот во кој живееле Џони Деп и Амбер Херд

ВИДЕО | Психолог сведочеше: Амбер Херд има нарушувања на личноста

Адвокатите на Деп најавија дека тој можеби нема да бара отштета од Херд: Никогаш не беше за парите

ФОТО | Кој го плаќа? Амбер Херд нема ниту цент, а лета со приватен авион!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Столтенберг: Грција и Турција да ги решат разликите во духот на довербата

Следно

Вселенскиот патријарх му подари на архиепископот Стефан комплет архиепископски панагии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian