ВИДЕО | Д-р Ристеска: Да се приближуваме кон европските вредности и нивните стандарди, но адаптирани на условите кои ние ги имаме

2 mins read

-За да биде една политика добра, таа треба да биде основа на докази, односно да одговара на реалните потреби на луѓето. Обично кај нас се прават политики, кои се инспирирани од модели кои ги гледаме во странство или пак модели кои ни се препишани од ЕУ. Но за тие да функционираат во Македонија, потребно е истите да бидат адаптирани на потребите од граѓаните, затоа што граѓаните во нашата земја имаат различни потреби и интереси од оние кои што ги имаат граѓаните од земјите од каде се инспирирани овие политики, изјави во Утрински брифинг д-р Марија Ристеска, извршен директор на Центарот за истражување и креирање политики.

Ристеска вели дека во суштина и тоа е мисијата на Центарот за истражување и креирање политики – да создава дата бази, да создава истражувачка база, да создава докази на основа на кои ќе се развиваат автономни, македонски решенија за проблемите кои македонските граѓани ги имаат, кои би се спроведувале на начин адаптиран на потребите и капацитетите на нашата државна служба

Д-р Марија Ристевска додава и дека може да се има прекрасна политика, но да немате капацитет да ја спроведете истата.

-Мора да ја завршиме нашата задача дома и да ги знаеме потребите на нашите граѓани. Мора да ги решаваме автентичните проблеми. Да користиме модели и да се приближуваме кон вредностите кои што се нудат и кон кои што стремиме, како што се европските вредности и нивните стандарди, но на македонски начин, односно адаптирани на потребите на нашите потреби како и условите кои ние ги имаме.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Наоми Кемпбел објави фотографии со својата ќерка: Нејзините први чекори

Следно

ЕУ купува околу 100.000 вакцини против мајмунски сипаници

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian