ВИДЕО | Д-р Ралева: Квалитетните млади лекари заминуваат во странство, помалку успешните остануваат тука

2 mins read

Се скратува можноста да се продолжи работниот век на лекарската фела, на што остро реагираат околу 50 профсори од Клиничката болница. Професорката Марија Ралева од Клиниката за психијатрија и медицинска психологија денеска во Утрински брифинг алармираше дека со заминувањето во пензија одредени оддели ќе останат без специјалисти, а пациентите ќе ги лекуваат специјализанти.

– Неопходно е да се подготват специјализантите, идните специјалисти за да можат да даваат медицинска помош на пациентите. На Клиниката од која јас доаѓам тројца професори треба да заминеме во пензија. Тоа значи дека во најлош случај ќе се затвори одделот, но и да не се случи тоа ќе се забрза процесот за усовршување на младите доктори што можно е да даде лош реултат. Јас не сметам дека ние искусните лекари го заземаме местото на младите лекари. Нивното место за почеток е покрај постарите а потоа следува нивно осамостојување, рече проф. д-р Ралева.

Таа го отвори прашањето за квалитетот на образованието и за трендот на иселување на дипломираните лекари од Македонија.

– Лекарите се добредојдени насекаде во земјите од Западна Европа. Квалитетни кадри ја напуштаат Македонија веднаш по дипломирањето, тоа е нивниот сон и ниту едно работно место на Клиниката не би ги задржало во државата. Кај нас остануваат помалку квалитетните студенти. Би сакала да споделам со јавноста еден податок кој вели дека минатата година на Медицинскиот факултет во Скопје дипломирале 170 студенти, додека на Медицинскиот факултет во Тетово дипломирале околу 390 студенти, а на факултетот во Штип завршиле 250 студенти, со што се воочува голема диспропорација. Оваа несразмерност во продукцијата на кадри говори дека образованието е сведено само на иплома а не на знаење. Наша обврска е да изградиме систем на извонредност каде што ќе ги фаворизираме успешните млади луѓе, додаде проф. Ралева.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рецепт на Давор Панчевски за сочен полнет компир: Поинакво гастрономско уживање

Следно

Индија ја подмладува армијата, воведува измени во начинот на регрутирање војници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian