ВИДЕО | Четири најдобри другарки бремени во исто време и тоа двапати

2 mins read

Меди Кастељано е тиктокерка која стана вирална откако објави видео на кое се наоѓа таа и нејзините три најдобри другарки кои забремениле во исто време и тоа двапати.

– Некои од вас можеби се сеќаваат дека јас и моите најдобри пријателки бевме бремени во исто време – почнала Меди во видеото на кое се менувале фотографии кои ги прикажуваат четирите најдобри другарки со нивните патешствија.

 

@maddiecastellano Story time on how 4 best friends got pregnant at the same time TWICE! Love u @lobeeston & @britneekent ❤️ #pregnant #pregnancy #momsoftiktok ♬ She Share Story (for Vlog) – 山口夕依

Како што објаснува нивните деца се родени со разлика од неколку недели. Меди вели дека сега многу работи прават заедно, а нивните деца се најдобри другари уште од мали, односно уште од утробата.

Пред една година четирите пријателки повторно биле бремени во исто време со вторите деца, а Меди вели дека ништо не било договорено меѓу нив.

– Сите наши бебиња се родени неколку недели едно по друго и од раѓање се најдобри пријатели. Правиме толку многу работи заедно и беше многу забавно да се има мали другари уште кога беа во утробата – продолжила оваа мајка.

„Сега сите наши деца имаат најдобри пријатели за цел живот“, продолжила Меди.

Видеото беше објавено во август 2021 година и оттогаш собра повеќе од 7,5 милиони прегледи и илјадници коментари, од едноставното: „Ова е толку слатко“ до коментарите на гледачите шокирани од среќната случајност.

Интересно е што мајките и во своите втори бремености биле синхронизирани.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мбапе се обидел во последен момент да му го украде Чуамени на Реал

Следно

Деспотовски: Во ЕУ има желба и намера да се крене бугарското вето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian