Скендер Реџепи ја напушта Алтернатива, ќе биде независен пратеник

1 min read

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива ја напуша пратеничката група на партија и во иднина ќе делува како независен пратеник. Тој за оваа одлука официјално го известил собранискиот спикер, Талат Џафери.

Алтернатива е дел од владејачкото мнозинство, откако влезе во Владата по излегувањето на БЕСА. Реџепи беше незадоволен од владиниот договор и не се појави на последниот партиски конгрес на кој Африм Гаши доби поддршка за втор мандат за лидер на партијата.

Реџепи бараше непристрасна истрага за случаи за кои тој смета дека биле политички монтирани, но и рамноправен развој на Липковскиот регион.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Минатото лето беше на работ на смртта, а сега Ериксен се наоѓа пред трансферот на кариерата

Следно

По речиси 50-годишен спор Канада и Данска поделија мал арктички остров

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian