Што прават хороскопските знаци заедно на одмор

4 mins read

Замислете ситуација кога сите хороскопски знаци патуваат заедно на одмор. Вака би изгледало со оглед на нивните карактеристики:

Тргнаа

Овенот се нервира што автомобилот не оди побрзо, а Девицата поради трошките кои се појавија откако Скорпијата тајно изеде сендвич за никој да не му побара „залак“.

Стрелецот ги ставил очилата за сонце и ги соблекол апостолките, па ги подигнал босите стапала до седиштето пред него, поради што Ракот почнал да плаче.

Близнакот веќе смени неколку статуси на „Фејсбук“: „Ајде, одиме!“, „На пат сме“, „Супер сме“, „Еве Скорпија јаде, Ракот плаче, Овенот ми се качува на нерви…“

Вагата внимава да не се згужва и љубезно го моли Бикот да се оддалечи од неа со чоколадото и сокот бидејќи ќе ѝ ги извалка бермудите.

Лавот низ прозорецот им мавта на сите што ќе ги види во преминот затоа што е сигурен дека сите гледаат во него. Јарецот брои пари и пресметува колку можат да потрошат во просек дневно, Водолијата пробува маска за нуркање. Рибата спие.

Пристигнаа

„Фала му на Бога, тука сме“, објавија Близнаците нов статус на „Фејсбук“. Водолијата го лајкува статусот. Овенот е веќе во морето. Скорпијата заедно со чантата ја презема бањата, поради што Вагата плаче пред врата затоа што итно треба да се пресоблече и да си ја поправи косата.

Девицата има нервен слом бидејќи станот веќе е тотален хаос, а никој не се распакувал!

Стрелецот отишол на обиколка на местото, Бикот на риба на скара, Ракот готви супа за сите нив. Јарецот уште еднаш ги брои парите и се пазари со сопственикот на станот.

Лав на терасата позира за минувачите. Рибата штотуку се разбуди и размислува за смислата на животот.

На плажа се

„Јухууу, еве сме на плажа“, објавија Близнаците нова фотографија на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“: на сликата се гледа Девица под капа со раб од метар и половина, која држи крема со заштитен фактор од 50. Ракот е завиткан во крпа со ликови од цртаните филмови.

Вагата има костим за капење вреден половен автомобил. Лавот покажува совршена фигура, Рибите не се гледаат од сопствената камера, а Стрелецот со два прста им прави рогови роговите на Лавот и Вагата.

Скорпијата го сврте грбот и забрани означување. Водолијата е сликана со маска за нуркање и перки, Јарецот има три книги при рака, Бикот лиже сладолед. Овенот го нема на сликата, испливал 200 метри.

Во вечерните часови

„Party Night“, твитува Близнакот и не ја објавува сликата бидејќи сите освен Девицата поцрвенеа од сонцето. Бикот ја запали скарата, а Лавот тврди дека знае подобро да готви. Стрелецот го поканил цело маало на забава, тоа не ѝ се допаднало на Скорпијата, па се лути во аголот.

Ракот им служи на сите чинии и ги храни со овошје. Вагата е во вечерен фустан и ја убедува Рибата да ја слика во сите пози. Водолијата му предлага утре да одat на курс за нуркање или подводен риболов, Јарецот на таблет пресметува дали е исплатливо. Овенот отиде на ноќно капење.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

 Нуњез: Пресреќен сум што станав член на Ливерпул

Следно

СДСМ: Сѐ што прави Мицкоски е да си ја спаси фотелјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian