Шпанските медиуми: Жерар Пике има нова девојка, ги запознал негов соиграч

1 min read

По раскинувањето на еден од најпознатите парови на светот – Жерар Пике и Шакира, во шпанските медиуми се појавија нови информации за жената со која славниот фудбалер наводно е во врска.

Според „Marca“, младата жена што Пике ја запознал во ноќен клуб е неговата нова девојка. Се работи за келнерка, чии иницијали се Ц.Ц. Извор за шпанските медиуми тврди дека ги запознал соиграчот на Пике од Барселона, Рики Пуиг и се гледаат со недели.

„Таа има 22 години, русокоса е, студентка и модел на настани. Таа има многу изразени јаготки. Има многу дефинирано лице, таа не е од оние девојки со лице на кукла. Личи на дете кога носи обична маица, но кога е дотерана е многу гламурозна“, изјави новинарка за „Marca“.

Твитер / Принтскрин

За потсетување, Пике и Шакира беа заедно од 2011 година, а се запознаа на снимањето на спотот за нејзината песна „Waka Waka“ за Светското првенство во 2010 година. Тие никогаш не се венчаа, но добија два сина – Милан (9) и Саша (7).

Шакира и Пике се разделуваат: Фудбалерот ја изневерил и се иселил од дома?

Гласините за проблеми во нивната врска започнаа кога се дозна дека славниот фудбалер се иселил од семејната куќа и се преселил во својот стан во Барселона, каде што живеел пред да ја запознае Шакира.

„Ел Периодико“ пишуваше дека колумбиската пејачка го фатила фудбалерот во кревет со друга жена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Атлетичарите Ивановски, Стојоски, Трајковски, Поп Арсова со жетва медали

Следно

Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5, а на брашното, макароните, оризот, кравјото млеко и јајцата на 10 отсто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian