СДСМ: Сѐ што прави Мицкоски е да си ја спаси фотелјата

1 min read

„Христијан Мицкоски не може ниту својата коалиција да ја додржи, а не пак нешто повеќе“, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз во соопштение испратено вечерва до медиумите.

Еве го во целост соопштението од СДСМ:

„Причините за распадот на коалицијата на Мицкоски ги наведоа токму негови поранешни коалициони партнери кои јавно излегоа и обвинија за рекет и закани кон бизнисмени. За овие сериозни наводи и индиции за рекет и закани кон бизнисмени треба да се произнесе Јавното обвинителство. Едно е факт. Мицкоски е во коалиција со криминалот на Никола Груевски. „Талир 2″ „Тврдина – Таргет” „Тенк” „Плацови на Водно” како и последниот случај со „Криминални парцели” кој е во истражна постапка се уште потврда за тоа. Сѐ што прави Мицкоски, прави за спас на неговата фотелја во ВМРО-ДПМНЕ и ништо повеќе“, се вели во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што прават хороскопските знаци заедно на одмор

Следно

Првиот пациент со мајмунска сипаница хоспитализиран во Словачка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian