Општина Кисела Вода ги повикува музичките бендови да бидат дел од настанот “Битка на бендови”

1 min read

“Битка на бендови” ќе се одржи на почетокот на месец јули, во рамки на Културното лето на Општина Кисела Вода.

Општината објави јавен повик, на кои можат да се пријават музички групи и бендови кои би имале свои изведби на отворено, а клучните критериуми кои ќе бидат земени во предвид при изборот, ќе бидат нивото на техничката изведба и визуелната презентација.

Изборот ќе го врши комисија формирана од Градоначалникот на Општина Кисела Вода.

Наградата за најдобриот бенд ќе биде организација на целовечерен концерт од страна на Општина Кисела Вода.

“Битка на бендови” е настан кој Општина Кисела Вода за првпат го организира и кој има за цел заживување и збогатување на културата на локално ниво.  

Огласот е отворен од вчера, понеделник, 13.06.2022 година, до петок, 17.06.2022 година.

skopjeinfo.mk

Претходно

Навални префрлен на непозната локација, тврди негов сојузник

Следно

Иконому: Грција ќе се потруди до 2033 година Западен Балкан да биде дел од ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian